СИРИЗА ја обвини грчката Влада дека повторно договара спасувачки план со ЕУ и ММФ

Од:

Грчката опозициска партија, Радикална левица СИРИЗА, ја обвини Владата на Андонис Самарас дека активно ја договара новата спасувачка спогодба со меѓународните кредитори.

Партијата реагираше откако министерот за финансии,  Гикас Хардувелис, изјави дека по завршувањето на рокот на сегашната спогодба ЕУ и ММФ ќе имаат извесен надзор врз текот на реформите во земјата, соопштија британските медиуми.

СИРИЗА, партијата што се спротивставува на мерките за штедење и спогодбата со меѓународните кредитори, е најпопуларната политичка партија во земјата и има големи шанси да победи на евентуалните предвремени парламентарни избори, што се најавуваат за почетокот на следната година. Таа ветува дека доколку дојде на власт ќе ја повлече спогодбата, што беше потпишана без нејзина согласност.

Соочена со жесток притисок пред претседателските избори во февруари, што можат да предизвикаат и предвремени парламентарни избори, грчката Влада се залага да преживее со предвремено повлекување на непопуларните спасувачки програми со ЕУ и ММФ.

БТА пренесува дека министерот Хардувелис, во интервју за агенцијата Ројтерс, вчера првпат соопшти детали за периодот по завршувањето на спасувачките програми, објаснувајќи декаАтина очекува да биде ставена под ограничен надзор во рок од шест до 12 месеца. Тој, исто така, посочи дека непопуларниот ММФ во Грција ќе учествува во овој надзор.

СИРИЗА соопшти дека тоа што го наведе министерот е идентично со нова спасувачка спогодба.

Во интервјуто министерот Хардувулис ја потврди новата спасувачка спогодба со надзор од кредиторите на земјата и учеството на ММФ во неа, се наведува во соопштението на СИРИЗА.

– Владата нема законско оправдување за потпишување нова спасувачка спогодба сокредиторите. Грчкиот народ не и го дава тоа право, се наведува во соопштението.

Надворешниот надѕор е чувствителна тема во Грција, која беше подложена на серија мерки за штедење во согласност со барањата на меѓународните кредитори – ЕУ и ММФ, забележуваат западните агенции. Тоа ја турна земјата во шестгодишна рецесија и доведе до зголемување на невработеноста до повеќе од 28 проценти.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит