Сириза и Нова демократија почнаа со препукувања

Од:

Шефот на кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас го критикуваше Андонис Самарас што не дојде во седиштето на Владата за традиционалното предавање на премиерската функција.

– За жал, Самарас избра да не биде во Максимос кога пристигна премиерот Ципрас. Оваа традиција ја почитуваа претходните премиери кои ја предаваа функцијата и очекувавме да се почитува и денеска, се вели во синоќешната пишана изјава на Никос Папас.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, веднаш потоа дојде и остра реакција од опозициската Нова демократија.

– Условите на предавањето беа договорени во детали, како што многу добро знае Папас, за време на телефонски разговор меѓу шефовите на двата кабинети, изјави портпаролката на Нова демократија Марија Спираки.

Таа го критикуваше Ципрас затоа што ја прекина традицијата со давање политичка заклетва на функцијата, наместо вообичаената заклетва пред архиепископот.

– Ако сакавме да зборуваме за тоа кој очигледно ја игнорира вековната традиција, ќе ги потсетиме луѓето дека господинот Ципрас е единствениот грчки премиер кој даде заклетва на функцијата во отсуство на архиепископот и не даде религиозна заклетва, истакна Спираки.

Инаку Ципрас пред да положи заклетва се сретна со архиепископот на Атина и цела Грција Јеронимос од кого „побарал да му посака добри желби и го уверил дека односите меѓу државата и црквата ќе бидат унапредени и посуштински отколку досега“, соопшти Сириза. 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит