СИРИЗА: Грчкиот долг не е постојан и претставува закана за стабилноста на Европа

Од:

Државниот долг на Грција не е постојан и претставува закана за стабилноста на цела Европа, изјави лидерот на грчката радикална левица СИРИЗА, Алексис Ципрас, која победи на евроизборите.

На новинарско прашање што го тера да верува дека Европа ќе прифати ново преструктуирање на грчкиот долг, Ципрас одговорил дека долгот не е постојан и претставува закана за цела Европа, повикувајќи за европско решение на должничкиот проблем на Грција.

– Овој системски ризик го натера Брисел да му се посвети на грчкиот долг во 2010 година. Заканата за излез на Грција од еврозоната беше употребена за изнудување, сите знаеја дека нешто слично би ја фрлило во воздух еврозоната. Грција не разбра на каков начин да ги искористи преговарачките можности, истакна Ципрас.

Тој изрази поддршка за кандидатурата на Жан-Клод Јункер за претседател на Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит