Сириза: Договорот е „полупечен компромис“, а Меркел „ограничена“ и „егоистична“

Од:

Одлуките на Еврогрупата за продолжување на финансирањтое и намалување на долгот се одлучувачки чекор кон тоа Грција да остане во еврозоната, изјави Фотис Кувелис, лидерот на Демократската левица,  коалицискиот партнер во грчката Влада.

Во изјавата издадена по веста дека е постигнат договор меѓу министрите за финансии од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд, Кувелис додава дека „ на европско ниво останува уште многу да се направи за справување со кризата и Грција мора да има значајно учество во овој процес“, јави дописникот на МИА од Атина.

„Земјата мора да продолжи со своите напори за стабилизација и закрепнување, со реформи во јавниот сектор, промовирање на мерки за раст и справување со рецесијата и создавање на мрежа за социјална помош”, се вели во соопштението.

Најголемата опозициска партија Сириза го критикуваше договорот како „полупечен компромис“, обвинувајќи германската канцеларка Ангела Меркел дека е „ограничена“ и „егоистична“.

Димитрис Пападимулис, пратеник на Сириза го отфрли договорот меѓу еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд за намалување на долгот на Грција за 20 процентни поени, а потоа негово поставување на патека преку која до 2022 ќе падне под 110 проценти од БДП.

– Тоа е полупечен компромис, фластер на широката рана од долгот, изјави Пападимулис.

Според него, германската канцеларка Ангела Меркел сто на патот за отпишување на 50 проценти од гркиот долг кое и е неопходно на Атина.

– Договорот е постигнат под притисок на ограничената, егоистичната, кратковидата економска политика на Меркел која завидливо пази на своите пари, рече Пападимулис.

Грчкиот премиер Андонис Самарас контактирал со двајцата коалициски партнери Кувелис и Евангелос Венизелос и се очекува денеска или утре да има состанок со нив.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски