Сириза бара силен мандат од грчкиот народ

Од:

Портпаролката на Сириза, Олга Геровасили ги повика Грците уште еднаш да и дадат на партијата силен мандат на претстојните избори на 20 септември.

– Силен мандат на влада на Сириза за да се спаси земјата од тешката ситуација во која ја доведоа 40 години лоши политики, изјави Геровасили за едно грчко радио.

Таа истакна дека Сириза нема да соработува со Нова демократија поради тоа што двете партии се различни и идеолошки, и политички, додавајќи дека Сириза „не носи исти оптоварувања“.

– Ние имаме други цели, додаде таа.

Лидерот на Сириза Алексис Ципрас денеска од Крит ќе ја почне неговата изборна кампања на национално ниво.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит