Сириски бегалец се самозапали на островот Хиос

Од:

Сириски бегалец денеска се самозапали во мигрантскиот камп на грчкиот остров Хиос, здобивајќи се со изгореници на 90 проценти од телото.

Како што јави АНА-МПА, при инцидентот со изгореници се здобил и еден полицаец, кој се обидел да му помогне на бегалецот.

Сириецот се решил на ваквиот потег во очајнички обид да изврши притисок за носење одлука по неговото барање за добивање азил во Грција.

Како резултат на договорот меѓу ЕУ и Турција за запирање на мигарантскиот прилив кон Европа, илјадници мигранти, во најголемиот дел Сиријци, останаа блокирани во бегалските кампови на грчките осторви во Егејското Море во близина на турскиот брег, во очекување да добијат одговор на нивните барања за азил.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он