Главните грчки синдикати во државниот и приватниот сектор на 18 октомври ќе оддржат 24-часовен штрајк во знак на протест против новите мерки за штедење, што ги бараат меѓународните кредитори на Грција, соопштија синдикатите, пренесоа агенциите.
Синдикатите ГСЕЕ и АДЕДИ одлучија да го организираат штрајкот, додека грчката влада ги продолжува преговорите со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд за нови мерки за штедење во замена за следната транша од спасувачкиот заем за Грција.
-Ние сакаме владата да ги повлече овие ужасни мерки, кои не доведоа до оваа ситуација, изјави Илиас Илиопулос, главен секретар на синдикатот во државниот сектор АДЕДИ.
Националниот штрајк на 18 октомври ќе се совпадне со средбата на врвот на ЕУ, забележуваат агенциите.