Симеон Саксобурготски: Софија и Атина придонесуваат за хармонија на Балканот

Од:

Добрите односи меѓу Бугарија и Грција придонесуваат за хармонијата во регионот, изјави поранешниот премиер и цар на Бугарија Симеон Саксобурготски во интервју за грчкиот портал „Инкорект“, пренесува БГНЕС.

– Во интерес на двете страни е да имаат добри односи. Како што споменав додека бев во Атина неодамна, забележав дека врските меѓу нашите две земји се зголемени и зајакнати. Тоа придонесува за хармонија во регионот, со економски придобивки за луѓето , рече „Во интерес на двете страни е да имаат добри односи. Како што споменав додека бев во Атина неодамна, забележав дека врските меѓу нашите две земји се зголемени и зајакнати. Придонесува за хармонија во регионот со економски придобивки за луѓето “, рече Саксобурготски.

Тој го коментираше Договорот од Преспа, кој беше склучен минатиот јуни од страна на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија.

– Верувам дека секој договор само по себе е секогаш плус. Сè додека е слободно прифатен од потписниците и не е наметнат од диктатот на големите сили. Договорите и спогодбите мора да се имплементираат и евентуално да се подобрат доколку е потребно, истакна бугарскиот цар.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски