Симецка: Ќе направиме сѐ Фицо да не формира влада

Од:

Михал Симецка, лидерот на либералната партија Прогресивна Словачка (ПС), која е второпласирана според гласовите од вчерашните парламентарни избори во Словачка, рече дека партијата ќе направи се што може за да го спречи победникот на изборите, партијата Смер ССД, да формира влада.

Симецка денеска изјави дека се уште гледа можност за формирање на владејачка коалиција и додаде дека третопласираната партија ХЛАС ќе биде одлучувачки фактор за формирање на новата словачка влада, пренесува Ројтерс.

На вчерашните парламентарни избори во Словачка, партијата Смер ССД, предводена од поранешниот премиер Роберт Фицо, освоила најголем број гласови – 23,31 отсто, врз основа на 99,2 отсто од преброените гласови, објави денеска Словачкиот институт за статистика.

Според неофицијалните резултати од изборите, на второ место заврши партијата Прогресивна Словачка со 16,98 отсто, иако прогнозите пред изборите предвидуваа нејзина победа, а потоа Глас – СД (14,98 отсто), коалицијата ОЛАНО – За народна христијанска унија (9,02 отсто), КДХ (6,91 отсто), СаС (6,18 отсто) и Словачката национална партија (СНС) со 5,67 отсто, објави претходно агенцијата ТАСР.

Меѓу партиите кои не успеаја да влезат во парламентот се Република (4,8 отсто), Алијансата (4,46 отсто), Демократите (2,92 отсто) и Ние сме семејство (2,25 отсто), додека останатите партии добија помалку од еден отсто од гласови.

Би можело да ве интересира

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он

Зеленски го поддржа соборувањето на Фицо

А1он

Масовни протести низ Словачка бараат распуштање на владата поради проруската политика на Роберт Фицо

А1он

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО