Силните ветрови го отежнуваат гаснењето на пожарите во Грција

Од:

Грчката противпожарна служба соопшти дека пожарот што избувна вчера на островот Крит, се уште не е под контрола, поради силните ветрови што дуваат во областа.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 17 противпожарни возила и околу 50 пожарникари, четири специјални единици, два хеликоптери, многу волонтери и локални жители.

Инаку пожари горат и северно од Атина, и во областа Магнисија, чие гаснење исто така е отежнато поради силните ветрови.

Грчката Цивилна заштита предупреди дека опасноста од пожари е исклучително висока и ги повика властите да бидат подготвени за евентуални нови огнови.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит