Моќна експлозија изутринава одекна во зградата, во која се наоѓаат канцелариите на крајнодесничарската грчка партија „Златна зора“, пренесе радио Атина.
Канцелариите на партијата се наоѓаат во реонот на Аспропиргос, на автопатот меѓу Атина и Коринт.
Експлозијата предизвика сериозни материјални штети.
Непознати лица поставиле рачно изработена експлозивна направа на влезот од двокатната зграда.
Партијата „Златна зора“ во последните денови е во центарот на вниманието на политичарите, јавноста и интелектуалците во Грција.
Лидерот на грчките социјалисти Евангелос Венизелос повика оваа партија да се стави надвор од законот заради нејзиното ксенофобно и расистичко однесување, а европските движења за 15 декември свикаа протест заради нападите на приврзаниците на оваа неонацистичка формација, чиј рејтинг и покрај острите реакции продолжува да расте.
Во социолошките анкети „Златна зора“ се посочува како трета политичка сила во Грција.