Силен земјотрес во Грција

Од:

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала се случи утринава во 10 часот и 40 минути по локално време, на околу 18 километри источно-југоисточно од Палеохори во Ханија.

Ова се наведува во соопштението на ЕЛМЕПА, Институтот за физика на Земјата со седиште во Ханија.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, се наведува во соопштението на ЕЛМЕПА, кое го пренесе грчката телевизија ЕРТ.

Земјотресот е почувствуван во Палеохори, Суга и Сфакија, но засега нема информации за материјална штета.

Претходно утрово на истото подрачје беше регистриран послаб земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала. Според податоците на ЕЛМЕПА, земјотресот е регистриран на 41 километар јужно од Палеохори, со епицентар на длабочина од околу 25,8 километри.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната