ВИДЕО: Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Од:

Во морето јужно од грчкиот остров Крит, нешто пред 19 часот по локално време, беше регистриран земјотрес со прелиминарна јачина од 5.4 степени според Рихтеровата скала, соопштија од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Засега нема информации за повредени или загинати, а според првите снимки од островот направени непосредно по потресот, на кои се гледаат урнати и оштетени згради, причинета е голема материјална штета. Епицентарот на земјотресот е на длабочина од 40 километри, соопштија сеизмолозите.

Грција е во средината на Медитеранскиот басен, кој е едно од најактивните трусни подрачја во светот. Повеќето земјотреси, сепак, не се силни и предизвикуваат само мали штети. Последниот катастрофален земјотрес во земјата се случи во 1999 година во Атина, кога загинаа 143 луѓе.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси