Силен земјотрес е почувствуван и во Црна Гора

Од:

Утринава во пет часот и 33 минути Одделението за сеизмологија на Црна Гора регистрираше земјотрес со средна јачина, со епицентар на осум километри јужно од Неум во Босна и Херцеговина, кој беше почувствуван и во Црна Гора.

Одделот за сеизмологија соопшти дека јачината на земјотресот во епицентарот бил 4 степени според Рихтеровата скала, што одговара на епицентрален интензитет од VI степени по Меркалиевата скала (MCS).

Според првичните податоци, земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.

– Врз основа на теоретскиот модел на макросеизмичкото поле на овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес можел да предизвика само мала материјална штета во епицентралното подрачје – се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба