Си-ен-ен: Телото на новинарот Кашоги е искасапено по убиството

Од:

Според неименуван турски функционер телото на исчезнатиот новинар, Џамал Кашоги било исечено на парчиња по убивањето, пренесе Си-ен-ен. Новинарот исчезна пред две недели, а Турција тврди дека тој е убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Си-ен-ен уште вчера објави дека новинарот е убиен повикувајќи се на информации од турската полиција која девет часа вршеше претрес во конзулатот на Саудиска Арабија. За тоа дека неговото тело е искасапено, прв објави весникот „Њујорк тајмс“.

Агенцијата „Асошиетед прес“, повикувајќи се на високи функционери од Турција, објави дека властите имаат доказ оти новинарот, кој, меѓу другото, пишувал и за „Вашингтон пост“, е убиен во конзулатот.

Турските неименувани извори тврдат дека Кашоги е убиен на 2 октомври кога бил во конзулатот по документи за склучување брак со својата свршеница од Турција.

Претходно, новинската агенција „Анадолија“ објави дека конзулот на Саудиска Арабија попладнево ја напуштил Турција кога било најавено дека полицијата ќе изврши претрес во неговата резиденција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски