Шумски пожари во северниот дел на Грција

Од:

Грчката полиција со хеликоптери и противпожарни возила се обидува да се справи со пожар, што избувна во саботата во близина на Хиландарскиот манастир на Атос, пренесува Танјуг.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 36 пожарникари со 14 возила и 44 доброволци. Ангажирани се и два хеликоптери.

Според првичните информации пожарот е предизвикан од удар на гром.

Големиот шумски пожар продолжува да беснее и на островот Тасос, каде огнот веќе уништи неколку куќи, пренесува ДПА. Стотици пожарникари, седум ациони и еден хеликоптер се борат со пожарот, што избувна вчера.

Околу 20 шумски пожари се регистрирани во грција за време на викендот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит