Шумски пожари беснеат во северна Грција

Од:

Големи шумски пожари беснеат во реоните на Лерин и на Пела во северниот дел на Грција, но засега нема опасност од ниво ширење кон населените места.

Пожарот во реонот на Лерин избувнал рано изутринава од засега непознати причини. Огнената стихија досега уништи околу 1,5 хектари ниско стеблеста шума.

Пожарникарите во текот на ноќта успеаја да го изгаснат пожарот што претходно избувна во индустрискиот дел на Лерин.

Во исто време, утрово пожар избувна и во планинските делови во реонот на Пела. Во гаснењето на овој пожар е вклучен и противпожарен авион.

Грчките медиуми јавуваат и дека три помали пожари претпладнево избувнале и во реонот на Солун, кои набрзо биле изгаснати.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски