Шумски пожар во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, превентивно евакуирана населба

Од:

Кусо по 11 часот по локално време, избувна шумски пожар во општина Саронида што се наоѓа во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а превентивно се евакуирани жителите на една населба, јави дописничката на МИА од Атина.

Силниот ветер создава дополнителни проблеми, бидејќи го отежнува гаснењето, но и брзо го шири пожарот.

Од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до граѓаните што се во населбата Фериза превентивно да се евакуираат иако не станува збор за густо населено место и според првичните информации не постои опасност за домовите

Во гаснење на пожарот, освен пожарникари со возила интервенираат и најмалку два хеликоптери.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент