Шумски пожар во Грција надвор од контрола, наредена е евакуација на осум места

Од:

Во саботата попладне избувна пожар во ниската вегетација на Серифос во Грција, а силните ветрови кои дуваат на островот го отежнуваат гаснењето, пренесува Прототема.

На местото на настанот пристигна едно возило со четворица пожарникари, како и општински цистерни. Паралелно пристигнува и противпожарната единица од Атина, 22 пожарникари со 11 возила, како и од Сирос, 7 пожарникари со 3 возила. Исто така, до последното светло на денот оперирале два авиони и еден хеликоптер.

Според „Прототема“, пожарот е надвор од контрола.

Алармот на островот се вклучи три пати. Во 20:52 часот по локално време е испратена порака во која се вели: „Оган на Серифос. Доколку сте во областите Рамос, Ливадакија, Карави, евакуирајте се во Ливада“.

Претходно беше испратена порака дека оние во областите Куталас, Ганема, Вагија и Кало Амбели мора да бидат евакуирани во градот Серифос преку Куталас. Првата порака во 18:18 гласеше: „Ако сте во областите Рамос и Ливади во Серифос, евакуирајте се во Серифос“.

Пожарот избувнал во саботата попладне во областа Ливади и се проширил поради силниот ветер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во големиот пожар кај Атина загина жена, илјадници се евакуирани

Катерина Ѓуровски

Грција утре во „категорија 4“ од опасност од големи пожари ширум државата

ВИДЕО: Грците лути поради огномет од јахта што запали шума: „Имаат повеќе пари отколку мозок“

Катерина Ѓуровски

Во Грција денеска избувнал 71 пожар

Горан Наумовски

ВИДЕО: Речиси 600 пожарникари го гаснат пожарот во Еврос кој гори веќе 14 дена

ВИДЕО: Пожарите во Грција и натаму беснеат, наредена евакуација