Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави дека вратата на Европската унија се отворени за сите земји кандидати, вклучувајќи ја и Србија, но поставените услови мора да се исполнат.
Шулц во интервју за „Вечерње новости“ изјави дека Србија заслужува пофалба за големиот напредок кој го оствари.
Нацрт резолуцијата за Србија со право го повикува Европскиот совет да утврди датум за почеток на приговорите со Србија за членство во ЕУ, што е можно поскоро, но доколку Србија продолжи да ги спроведува реформите и да води дијалог со Приштина.
Зборувајќи за барањето да продолжи да се нормализира односот помеѓу Белград и Приштина, тој изјави дека по дефиниција односите помеѓу соседите се нормални кога разговараат, се почитуваат и настојуваат да го решат спорното прашање на мирен начин.
-Се надевам дека тоа ќе се случи наскоро, затоа што е многу важно и за европската агенда и за Белград и Приштина. Но, јас сум свесен дека нормализацијата на односите ќе биде долг процес. Меѓутоа среќен сум што гледам дека двете страни го започнаа процесот со европска интеграција како нивен водечки принцип – изјави тој.
Тој претходно истакна дека на крајот на европскиот пат Србија ќе мора да ја признае независноста на Косово, но изјави дека тоа не бил негов став и дека не поставил никакви нови услови.
-Да се потсетиме дека Белград и Приштина сакаат еден ден да се придружат во ЕУ. А во ЕУ, сите земји членки мора да се почитуваат една со друга и мора мирно да коегзистираат – изјави претседателот на ЕП.
Елена Георгиевска