Шулц: Неоправдан е европскиот страв од Ципрас

Од:

Првиот човек на Европскиот Парламент Мартин Шулц од Атина испрати порака и изрази надеж дека Грција ќе успее да остане во ЕУ и на нејзиниот европски пат.

Шулц, кој е прв европски функционер во посета на Грција по изборите, имаше двочасовна средба со премиерот Алексис Ципрас на која се разговарало за економските прашања, но и за прашања од меѓународната политика – за Русија и за конфликтот во Украина.

Шулц излезе со позитивен впечаток од средбата, коментирајќи дека имале долг, отворен и искрен разговор со Ципрас и дека се согласиле за голем број прашања. Претседателот на Европарламентот рече дека од разговорот со Ципрас дошол до заклучок дека не е основан европскиот страв од новата грчка влада.

– Во отворени разговори во Европа постои страв дека владата на Ципрас ќе си оди по сопствен пат. Тоа не е точно. Владата на Ципрас ќе даде предлози и сака да има разговори за овие предлози, да се дојде до заеднички прифатливо партнерско решение. Ова е задоволителна порака, порака која не прави среќни. Сигурно ќе има некои несогласувања по пат, како што имавме и денес, но тоа што е важно е дека Грција бара заедничко решение со партнерите – изјави Шулц по средбата.

Премиерот Ципрас покажа отвореност и позитивен став кон ЕУ во изјавите. Посетата на Шулц ја оцени како показател дека првата вредност на ЕУ е прифаќање на народното владеење, коментирајќи дека оваа средба помага за создавање нова врска и доверба меѓу пост-меморандумската Грција и институциите на ЕУ.

Ципрас потенцираше дека го уверил Шулц дека имаат сериозен план за реформи во државата и во јавниот сектор, кои ќе се справат со главните внатрешни проблеми кои довеле до кризата: клиентелизмот, корупцијата и даночното избегнување. Најави дека имаат и стратегија како повторно да се врати економскиот развој во државата без при тоа да е прават нови долгови и нови дупки во буџетот.

– Четири години го гледавме неуспехот на економската програма. Граѓаните четири години плаќаа за неодговорноста на другите, за несоодветната врска која постоеше меѓу економската олигархија која не сакаше да ги плати даноците и стариот политички систем кој ја штитеше. Го уверив Шулц дека новата влада е решена да стави крај на оваа врска – истакна Ципрас.

Тој рече и дека оваа средба помага за создавање нова врска и доверба меѓу пост-меморандумската Грција и институциите на ЕУ.

– Европа ќе ја надмине кризата и ќе биде посилна од било кога – изјави Ципрас.

Мета

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит