Шулц: Надминувањето на кипарското прашање не е поврзано со процесот на приклучување на Турција кон ЕУ

Од:

Решавањето на кипарското прашање, миграциската криза и влезот на Турција во ЕУ се три различни политички елементи кои не треба да се мешаат, изјави претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, при посетата на Кипар, пренесе ТАСС.

– Сакам да појаснам – има три сосема различни нешта: надминувањето на кипарското прашање, миграциската криза и приклучувањето на Турција кон ЕУ, рече Шулц по средбата со кипарскиот претседател, Никос Анастасиадис.

„Во моментов ЕУ се судрува со мноштво кризи на различни нивоа и еден обединет Кипар може да одигра стабилизирачка улога во целиот источен Медитеран“, забележа Шулц.

Кипар е поделен на два дела по вооружениот упад на Турција, во 1974 година, предизвикан од државниот преврат на приврзаниците на приклучувањето на островот кон Турција. Како резултат на воените дејствија под турска контрола паднаа околу 37 проценти од територијата на островот, на која во 1983 година беше создадена самопрогласената Севернокипарска турска република, која е призната единствено од Турција. Јужниот дел на островот остана под контрола на Република Кипар и е населен главно со кипарски Грци.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ