Проблемот со Кипар е еден од најважните за Европската унија, изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, кој се наоѓа во посета на Кипар.
Шулц појасни дека процесот на интеграција на Турција во ЕУ и бегалската криза се две целосно одвоени процедури, кои во никој случај не треба да се поврзуваат.
Тој додаде дека до Турција ќе биде испратена порака дека на неа е товарот самата да го поплочи патот кон ЕУ, исполнувајќи ги своите обврски.
Во врска со бегалската криза Шулц ја потенцира неопходноста од итно и ефективно имплементирање на спогодбата од 17 и 18 март меѓу ЕУ и Турција.
Шулц ги поддржа напорите на ЕП за пронаоѓање решение на кипарското прашање, нагласувајќи го напредокот, постигнат во преговорите изминатата година, кои се водени под покровителство на Обединетите нации.
Шулц денеска треба да се сретне со кипарскиот претседател Никос Анастасиадис.