Штрос-Кан функционер во новата српска влада?

Од:

Странецот кој ќе добие висока функција во реконструираната влада на Србија е најверојатно Доминик Штрос Кан, екс директорот на ММФ.

Како што пренесува „Данас“, на весникот од високи извори му било потврдено дека експертот од странство, за чие име претседателот на СНС Александар Вучиќ порача дека е „вистинска бомба“ навистина е екс директорот на ММФ.

Изворите за весникот наведуваат дека ангажирањето на Доминик Штрос Кан ќе е од големо значење за Србија, но и дека постои намера во Министерството за земјоделство да се доведе „угледен британски експерт“.

Француското обвинителство пред три дена соопшти дека Штрос-Кан ќе виде изведен пред судот поради подведување проститутки, а функцијата во ММФ ја изгуби откако беше обвинет за силување од страна на една собарка во хотел.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воената фабрика „слобода“ во Чачак, двајца повредени

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Србија: Курти шири дезинформации