Штрајкот продолжува во јавните служби во Косово

Од:

Синдикатот на независните синдикати на Косово денеска повторно ја повика Владата на Косово да размисли за спроведувањето на нивните барања, со цел да го прекинат штрајкот што почна во четвртокот на 25 август.

Штрајкуваат вработените во јавниот сектор: наставниците, воспитувачките во државните градинки, државните службеници во локалните и централните институции на Косово. Штрајкувачите бараат покачување на платата од 100 евра до стапување на сила на новиот закон за плати.

Од Синдикатот велат дека се исклучително заинтересирани за преговори со владини претставници и ја повикуваат Владата да размисли како да се најде решение прифатливо за двете страни, пренесе Бета.

Во спротивно, штрајкот нема да биде прекинат и учениците нема да ја започнат новата учебна година в четврток на 1 септември.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски