Штрајкот на вработените во грчкото електростопанство е нелегален, оцени судот

Од:

Грчки суд вчера донесе пресуда со која штрајкот на вработените во електродистрибутивната компанија ППЦ, заради  кој ширум земјата дојде до кратки преКини во снабдувањето со електрична енергија, го прогласи за нелегалан.

Пресудата, како што наведуваат бриотанските медиуми, претставува големо олеснување за Владата во Атина на самиот почеток од летната туристичка сезона, бидејќи туристичкиот сектор претставува најважната гранка од грчката економија.

Вработените во ППЦ, со поддршка од левичарските опозициски партии, протестираа против планот на владата за продажба на дел од овој најголем грчки производител на електрична енергија, стравувајќи дека тоа ќе резултира со зголемување на цената на струјата и отпуштања од работа.

Вработените во ППЦ во средата го почнаа првиот од најавената серија 48-часовни штрајкови, додека пратениците во грчкиот Парламент истовремено расправаа за предлог законот според кој следната година 30 отсто од акциите во електрокомпанијата ќе се продадат на конкурентска компанија.

Вчерашната пресуда на судот на владата и овозможува да им нареди на штрајкувачите да се вратат на работа, а следеше откако ППЦ завчера поднесе тужба против сопствените работници.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит