Штрајкот на косовските просветни работници продолжува и по средбата со Курти

Од:

Лидерот на Обединетиот синдикат за образование, наука и култура на Косово (СБАШК), Рахман Јашарај по денешната средба на Штрајкувачкиот одбор со премиерот Албин Курти и министрите за образование и за финансии, Арберие Нагавци и Хекуран Мурати, рече дека „нема ништо позитивно“ од состанокот и дека штрајкот во образованието ќе продолжи, јави дописникот на МИА од Приштина.

По напуштањето на зградата на Владата, Јашарај им изјави на новинарите дека и по денешната повеќе од двочасовна средба нема ниедна промена во позициите на штрајкувачите и на Владата.

– Штотуку го одржавме долгоочекуваниот состанок на Штрајкувачкиот одбор со премиерот Курти и министрите Мурати и Нагавци. Средбата беше долга, ние ги образложивме нашите легитимни барања кои јавноста ги знае, тие ни кажаа за тоа што го направиле досега. Средбата беше содржајна, но немаме никаква промена, изјави Јашарај.

Тој информира дека Владата останува на неодамна презентираниот социјален пакет, со кој, меѓу другото, на вработените во јавната администрација во наредните три месеци ќе им се доделува помош во висина од 50 евра.

– Ние сакавме да направиме компромис поради создадената ситуација, но Владата не се помрднува од своите ставови, изјави Јашарај.

Од 25 август, Унијата на независни синдикати на Косово, вклучително и СБАШК, стапи во штрајк со барање за добивање по 100 евра месечно до стапувањето во сила на новиот закон за плати, кој е во подготовка. Владата го одбива нивното барање, поради што учебната година во косовските основни и средни училишта сé уште не е започната.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Србин уапсен во Звечан поради закани кон Курти

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

По посетата на Курти, од Србија порака за Босна и Херцеговина: Повеќе не барајте поддршка за територијалниот интегритет

Предраг Петровиќ