Во истражниот затвор во Подгорица, од 130 притвореници кои изразуваат одредени несогласувања во врска со условите за сместување и судските постапки, 109 штрајкуваат со глад, соопшти Управата за извршување на кривични санкции (УИКС).
Како што соопштија од таа институција, на притворените лица кои учествуваат во штрајкот со глад им се обезбедува сеопфатна и континуирана здравствена заштита.
„Во врска со горенаведеното, медицинскиот персонал континуирано ја следи нивната здравствена состојба, со посебен фокус на следење на виталните параметри“, се наведува во соопштението.
УИКС нагласува дека сите учесници во штрајкот се под постојан надзор и дека нивната моментална здравствена состојба е стабилна.
„УИКС продолжува да ги спроведува сите потребни мерки со цел да се заштити здравјето на притворените лица, а во врска со тоа, да се зачува редот и безбедноста во Управата“, се заклучува во соопштението.