Возовите во Грција нема да се движат од 23 до 25 март поради непрекинати 24-часовни штрајкови на вработените од железничката компанија ОСЕ во земјата, објави сајтот „Њуз ин“.
За време на тридневните штрајкови освен возовите на компанијата ОСЕ, нема да работат и електричната железница што ги поврзува центарот на Атина и предградијата.
Вработените во индустријата бараат потпишување на колективен договор и го обвинуваат раководството на железницата дека подготвуваат нови намалувања на платите.
Сообраќајот на товарните возови во Грција ќе биде во прекин од 26 до 29 март поради секојдневни осумчасовни штрајкови на вработените.