Штрајк на вработените во државниот сектор во Словенија

Од:

Во Словенија денеска штрајкуваат вработените во државниот сектор во знак на протест против мерките за штедење на Владата.

Се очекува во протестот да се вклучат околу 100.000 од вкупно 160.000 државни службеници. Нема да работат училиштата и градинките, а здравствените установи ќе примаат само итни случаи.

Ќе штрајкуваат и пожарникари, општински службеници, полицијата и царината и затоа може да се очекуваат задржувања на граничните пунктови со Хрватска.

Само 18 детски градинки и училишта соопштиле дека нема да учествуваат во штрајкот, нејасно е и учеството на лекарскиот синдикат Фидес и уште некои јавни служби.

Главна причина за штрајкот е буџетот за годинава, кој предвидува намалување на платите на државните службеници за пет отсто.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг