Штрајк на турските здравствени работници

Од:

Здравствените работници во Турција денеска стапија во еднодневен штрајк барајќи повисоки плати и подобри работни услови додека се борат против пандемијата со Ковид-19.

Штрајкот во организација на Турското лекарско здружение (ТТБ), се одржа во повеќе од 20 градови и провинции, а учесниците носеа транспаренти на кои пишуваше „Бараме тоа што го заслужуваме“.

За време на штрајкот работеа само брзата помош и одделенијата за интензивна нега.

Штрајкот е предупредување за Владата и ќе има повеќе прекини доколку не се преземат мерки, изјави за германската новинска агенција ДПА генералниот секретар на Лекарската комора на Истанбул, Осман Кучукосманоглу.

Тој додаде дека Владата мора да се воведе нова легислатива што ќе ги опфати подобри услови за сите здравствени работници.

Според Кучукосманоглу, просечните плати, заедно со дополнителните плаќања, се околу 9.800 лири (665 долари) за лекарите и 5.800 лири (394 долари) за медицинските сестри.

Во Турција дневно се регистрираат над 21.000 новозаболени лица од Ковид-19, а капацитетите на одделенијата за интензивна нега се пополнети 70 проценти.

Би можело да ве интересира

Деаноски: Ако не се постигне договор, не се исклучуваат штрајкови и тужби

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција

ВИДЕО: Хеликоптер удри во болница во Турција, четворица мртви