Штрајк на новинарите во Грција

Од:

Со 24часовен штрајк од 6 часот утрово, новинарите во Грција, како што и во минатото практикуваа, ден порано, учествуваат во утрешниот закажан генерален штрајк.

Денеска Грција ќе биде без вести, информативни емисии на радијата и телевизиите и без весници, јави дописничката на МИА од Атина.

Потпишување колективни договори, достоинствени плати и пензии, враќање на намалените плати и бонуси, мерки за справување со невработеноста, се дел од барањата на новинарите.

Во 24часовниот штрајк учествуваат и приватните и државните медиуми, но вработените во Генералниот секретаријат за медиуми.

Дел од информативните портали во Грција, решија да го поддржат штрајкот, друг дел, регуларно емитуваат вести.

Конфедерацијата на работници на Грција за утре закажа 24часовен генерален штрајк, а пракса на новинарите е, за да можат да ги следат протестите во рамките на штрајкот и да ја информираат јавноста, ден претходно да прекинат со работа во знак на поддршка.

Со утрешниот штрајк под слоганот „Штрајкуваме, се бориме, бараме“, од конфедерацијата, меѓу другото бараат минимална плата од 751 евро, колективни договори, работа за сите, целосна социјална помош.

Бродовите во Грција, утре ќе останат закотвени на пристаништата, поради учеството во штрајкот на грчката поморска федерација, додека пак сериозни проблеми во Атина ќе предизвика штрајкот на јавниот превоз. Со исклучок на автобусите кои ќе сообраќаат неколку часа, сите други јавни превозни средства (метро, тролејбуси, трамваи) 24 часа нема да функционираат.

Од конфедерацијата на грчки работници за утре во 11 часот по локално време, најавија протест во центарот на Атина.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Штрајк на новинарите во Грција

Од:

Новинарите во грчките приватни и државни медиуми денеска организираат 24-часовен штрајк во знак на солидарност со утрешниот генерален штрајк во Грција што го свикаа двата најголеми синдикати.

Грчките новинари соопштија дека за да можат да известуваат за генералниот штрајк, тие нема да работат еден ден порано.

Утре нема да биде издаден ниту еден дневн весник.

Портпаролот на грчката Влада Симос Кедикоглу го осуди штрајкот на новинарите и истакна дека „синдикалните лидери на медиумите им се покорија на вообичаените партиски интереси“ и оти „Сириза планира да создаде информативен мрак за време на посетата на францускиот претседател Франсоа Оланд на Атина“.

Кедикоглу ги обвини лидерите на новинарските синдикати дека „уште еднаш докажале дека не само што воопшто не се грижат за вистинските проблеми на новинарите, туку и му нанесуваат штета на имиџот на Грција во странство, во име на партиски интереси“.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица