Девојчето кое со години беше малтретирано од нејзиниот татко е во тешка состојба и прашање е кога ќе излезе од болница.
Девојчето сега е чувано во посебена просторија и има деноноќна нега. Нејзиниот имунолошки систем е многу лош. Таа е дехидрирана и неухранета. Постепено и се воведува храна. Таа е многу тивка, повлечена и не зборува добро.
„Таа има осум години и само 10 килограми. Преслаба е за нејзината возраст. Не може да стои на нозе. Може да си го каже името и презимето, бара чоколадо, но сето тоа го кажува многу тивко. Зборува одредени зборови и реченици многу неразбирливо или воопшто не знае“, вели за Блиц упатен во целата ситуација.
Малото девојче не може да го прегледаат хирурзи бидејќи штом здогледа маж почнува да плаче и да се брани.
“Таа вика, крева раце како да се брани. Го држи стомакот и постојано плаче штом и пријде машко лице. Психолозите ќе работат со неа, ќе и треба многу време да закрепне. Најтешки последици таа ќе има ќе биде психолошка“, вели изворот на Блиц.
На нејзиниот татко му е одредена мерка притвор до 30 дена по неколку точки. На рочиштето тој се бранеше молчејќи и изговори само една реченица со која се обиде да се оправда – дека подолго време повторно конзумирал наркотици и алкохол.
Тој беше уапсен откако три дена беше во бегство. Девојчето со години го држел затвореник во станот. Детето никогаш не било запишано на училиште, ниту пак било на лекар.
Случајот излезе на виделина откако Урош беше пријавен за насилство од неговата партнерка Ивана Л., која во полиција изјави дека насилникот ги држел неа и девојчето во заробеништво во станот. Ја тепал и малтретирал Ивана, а дури по нејзината пријава била откриена трагичната судбина на девојчето.