Што работи сега багеристот, симбол на отпорот против Милошевиќ

Од:

Љубисав Џокиќ, познат како багеристот Џо и симболот на промените од петти октомври вели дека немал големи очекувања но и дека е бесен поради „лоповлукот во државата“.

Пред 12 години, бил во својот багер и се борел против режимот на Милошевиќ. Багерот, симболот на промените од петти октомври денеска е расипан. Не го продал, иако имал таква идеја пред пет години.

Љубисав Џокиќ, популарниот „Багерист Џо“ едвај преживува од пензијата, а кога ќе се изнервира од власта , вели дека „излегува на улица и им се приклучува на штрајкувачите“.

„Никако не е. Повеќе сум гладен отколку сит. Еве, должам и не плаќам“, пренесува Б92.

Тој има 70 години. Почнал да се бори од својата четврта година, бидејќи татко му несакајќи му ја повредил кичмата, поради што до својата деветта година морал да лежи во болница во гипс и повторно да научи да се движи. Од околината на Бајна Башта се преселил во Белград.

Случајно се погодило да оди на училиште со децата на Тито, бидејќи живеел во една мансарда на Дедиње. Се вработил, се оженил но и набргу се разделил од сопругата. Го памети времето на Анте Марковиќ кога најмногу заработувал.

Поради тоа што се научил да ги троши парите на скапи работи го добил прекарот Џо. Сега е разочаран е и лут, бидејќи нема работа и единствен извор на егзистенција му е неговата пензија. Не е член на ниедна партија, на политичарите не им верува и е критички настроен кон сите досегашни влади.

„Не сум јас за политика, јас не сакам да бидам во политиката, ама сакам да ги контролирам макар и со мојот багер”, вели Џо.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје