Штитеникот се угушил после тепањето од свештеникот

Од:

Според неофицијални сознанија, српските медиуми пренесуваат дека обдукцијата на телото на 39 годишниот Небојша Зарупец покажала дека после ќотекот со шипка му се слошило и се угушил.

Веднаш после тоа свештеникот Бранислав Перановиќ повикал полиција која го уапсила. Тој е во притвор и не сака да се изјаснува без присуство на адвокат, па првата изјава ќе ја даде попладнево во судот во Шабац.

„Го сочека во помошната просторија, почна да вика по него бидејќи повторно зел дрога. Бесен поради тоа, зеде шипка и на штитеникот кој има 52 кривични пријави почна да го мава по главата. Ја повика и полицијата и им рече дека има проблем со штитеникот“, ја пренесува српски Блиц изјавата на близок извор на истрагата.

Во Центарот за одвикнување од дрога не е пронајдена дрога, а неформалниот центар кој нема дозвола за работа, набргу по убиството го напуштиле сите штитеници.

После сослушувањето ќе бидат објавени официјалните резултати од обдукцијата, но извор близок на истрагата открива дека причината за смртта на 39 годишниот зависник е гушење во сопствената желудечна содржина.

Во денешното издание на “Pres” се наведува дека свештеникот Перановиќ го тепал штитеникот повеќе од еден час.

„Стигнав во Центарот попладнето. Дежурните работници ми дадоа да јадам, ме упатија во собата и ми дадоа да испијам седатив. Заспав цврсто, но одеднаш слушнав страшна врева. Го прашав цимерот што се случува, а тој ми кажа дека тепаат еден штитеник. Се слушаа удари од сите страни, слушав кршење и повици за помош. Потоа настана тишина, а за кратко време се слушнаа сирените на брзата помош. Сите се вознемирија, ама не смеевме да писнеме од страв“, изјави Љубодраг Њагоев, штитеник на Центарот.

Полицијата приметила и постари повреди на телото на Зарупец, но сеуште се чека да бидат соопштени официјалните резултати од обдукцијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието