ВИДЕО: Шпански туристи тероризирани од сопственик на ресторан кај Химара

Од:

Албанската телевизија „Репорт“ објави екслузивно видео снимено од шпански турсти, кога сопственик на угостителски објект во Порто Палермо, кај Химара, се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета со нив преку искршената шофершајбна.

– Туристите во комбето, со кое управувал Албанец, се преплашени. Освен петмината Шпанци, во него се наоѓаат уште двајца Албанци, кои не можат да ја разберат будалштината на Михаил Кокдима, сопственикот на ресторанот, наведува телевизијата.

Шпанците прво физички биле нападнати во ресторанот кога му се пожалиле од лошиот квалитет на храната. Тој почнал да фрла тврди предмети со кои ја напукнал шофершајбната па кога тие заминувале скокнал врз хаубата на која се забележува и крв.

Возилото било забележано од припадници на специјлната единица за брза нтеревнција, кои со автомобил се движеле во тој регион, по што им притекнале на помош. Двајца од туристите добле и потребна здравствена заштита, а биле посетени и од министерот за туризам Бленди Кљоси.

Шпанските туристи биле петчлено семејство кое во Саранда пристигнало со јахта.

Албанската полиција соопшти дека насилникот е уапсен, а ресторанот затворен.

Премерот Еди Рама го осуди однесувањето на сопственикот на ресторанот, кого го нарече „варварин“ и ја засрамил целата нација, бидејќи го „прекршил светиот код на албанското гостопримство“.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата