Шестнаесет членови на ИД се наоѓаат во затвори во Турција

Од:

Шеснаесет членови на џихадистичката група Исламска држава се во затвори во Турција, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздаг.

Тој наведе дека тројца од нив се под истрага во врска со смртоносен напад во анадолиската провинција Нигде на 20 март оваа година. Нападот бил извршен на пат крај селото Гедели во округот Нигде.

Напаѓачите отвориле оган врз полицајци, кои вршеле провеки на пат и притоа загинале двајца од нив.

– До 19 ноември во затвор се 16 членови на терористичката организација ИД или лица кои работат во корист на Исламска држава, нагласи тој.

Боздаг рече дека засега немаат информации за тоа чии граѓани се лицата од ИД кои се во турски затвори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски