Шест партии во новиот бугарски парламент – први информации од излезните анкети

Од:

Во новиот бугарски парламент најверојатно ќе има шест партии, а победникот на предвремените парламентарни избори и „освојувачите“ на третото и четвртото место е тешко да се утврдат врз основа на излезните анкети што беа доцна попладнево објавени во Софија.

Според  анкета на Галуп, шест партии влегуваат во 46-то Национално собрание на Бугарија и коалицијата ГЕРБ/ СДС  освоила 22,1 отсто од гласовите.

Втора политичка сила во Бугарија би била партијата на ТВ-презентерот Слави Трифонов – „Има таков народ“ со 21,5 отсто. Третото место е за бугарските социјалисти – 15, отсто. Четврта би била „Демократска Бугарија“ со 13,7 отсто од гласовите, следува од Движењето за права и слободи со 12,0 отсто и „Исправи се„ мафијата надвор! ” со 4,8 отсто.

Останатите партии не преминале праг за пратеници во Парламентот. Според Галуп, одѕивот на парламентарните избори бил 34,5 проценти.

Распределбата на мандатите е следна: ГЕРБ-СДС – 59, „Има таков народ“ – 58, БСП – 41, „Демократска Бугарија“ – 37, ДПС – 32, „Исправи се! Мафијата надвор!“ – 13

Според анегцијата Тренд – ГЕРБ води со 23,6 отсто гласови, додека „Има таков народ “  23 отсто. БСП има 14,4 отсто, а Демократска Бугарија 13 отсто. Социолозите коментираат дека резултатите од странство може да ги доведат резултатите во една или друга насока.

Петтата позиција по изборите е за ДПС (8,9 отсто). Последната партија што влегува во парламентот, според Тренд, добила 4,9 отѕсто.

Сшпред Маркет Линкс – 23% наспроти 21,7% – такви се првите резултати на ГЕРБ-СДС и „Има таков народ“. Трета сила во 46-от парламент во моментов е БСП со 14,7% од гласовите, но Демократска Бугарија е многу близу со 13,5% од гласовите. ДПС има 10,4% и „Исправи се! Мафијата надвор!” изгледаат самоуверени учесници на следното Национално собрание со 5,1% освоени гласови.

Од друга страна, Алфа Рисрч објави 38,5 отсто одзив на изборите. Според таа агенција, новиот парламент вклучува 6 партии, а резултатите се следни: ГЕРБ-СДС е победник со 23,5%, „Има таков народ“ добива 22,3% поддршка, БСП – 14,1%, „Демократска Бугарија“ – 14,1%, ДПС – 11,7%, „исправи се!Мафијата надвор!” – 5,5%.  Распределбата на мандатите е следна: ГЕРБ-СДС – 62, „Има таков народ“ – 59, БСП – 37, „Демократска Бугарија“ 37, ДПС – 31, „Исправи се!Мафијата надвор- 14.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада