Шешељ: Нема подобар лек од политиката

Од:

Лидерот на Српска радикална партија (СРС) Воислав Шешељ изјави дека Босна и Херцеговина никогаш нема да може да функционира како нормална држава и оти ќе се подели.

– Единствена алтернатива на поделбата е цела БиХ да и се врати на Србија, но илузорно е тоа да се случи, па затоа ќе има поделба, посочи Шешељ.

Тој истакна и дека политичкиот лидер на боснаските Срби, Радован Караџиќ пред Хакиот трибуинал „прикажал многу документи во корист на српскиот народ“, но „за жал неговата судбина е нејасна“.

– Единствениот начин Радован Караџиќ и Ратко Младич да бидат ослободени е да се случи катаклизма во светската политика“.

Тој истакна дека не се вознемирува од незадоволството на Хрватите откако на 18 ноември, кога во Хрватска се одбеќежува Денот на жртвите во Вуковар, го нарече градот „српски Вуковар“. Тој тогаш наведе дека СРС никогаш нема да се откаже од „Република Српска Краина и српскиот Вуковар, кој повторно ќе влезат во составот на голема Србија“.

Шешељ посочи и дека нема доброволно да се врати во Хаг и дека ќе го тужи Хашкиот трибунал бидејќи му одзел 12 години од животот.

Тој беше привремено ослободен поради неговата здравствена состојба. Шешељ тврди дека по испитувањата во Белград утврден е само рак на црниот дроб и оти за два месеца ќе биде познато дали е неопходна операција или само хемотерапија.

– Верувајте нема подобар лек од политиката, истакна лидерот на СРС.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ