Шешељ: Четнички војвода да станува пред судот? Не сте нормални!

Од:

Лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ е осуден на две години затвор поради непочитување на судот.
Во моментот кога од Шешељ побараа да стане во текот на читањетона пресудата тој рече:

„Вам да ви станам? Вие не сте нормални, вие сте белосветски олош! Како јас да ви станам вам, јас сум четнички војвода“, му се обрати Шешељ на хашките судии.

Шешењ е осуден бидејќи од својата интернет страна не сакаше да ги тргне доверливите материјали иако судот тоа го бараше.

Шешељ чека и пресуда за воени злосторства извршени од 1991 година до 1994 година во делови на Босна, Хрватска и Војводина. Пресудата се очекува во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он