Шего: Хрватскиот министер Баножиќ има повреди на мозокот, градите и екстремитетите, не се сеќава на несреќата

Од:

Крунослав Шего, заменик директор на КБЦ Осиек и раководител на хируршката служба, даде изјава за состојбата на хрватскиот министер Марио Баножиќ по тешката сообраќајка која се случи денеска, во која едно лице загина, а министерот беше тешко повреден.

„Тој е на одделот за интензивна нега и во овој момент животот не му е во опасност. Тоа може да се промени. Тој е свесен, но не целосно. Има повреди на мозокот, градниот кош, стомакот, екстремитетите. За ова нема индикации време кога ќе биде транспортиран на лекување во Загреб, нема знаци на внатрешно крварење, ќе биде потребна мобилизација на екстремитетите, но не и операција. Тој моментално не се сеќава на настанот. Неговата состојба на свест не е целосна. Не се сеќава на несреќата, но тоа е нормално во оваа состојба. Ако ситуацијата остане таква каква што е, не треба да има трајни последици“, рече Шего.

Би можело да ве интересира

Сопатничка паднала од мотоцикл, со тешки повреди завршила во болница

Горан Наумовски

Поради сообраќајна несреќа во целосен прекин сообраќајот после селото Дабиле

Земјотрес ја погоди Хрватска

69-годишен маж паднал од мопед, па завршил во болница

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена