Во Белград денеска ќе се одржи Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од ЈИЕ (СЕПКЕ), чија цел е соработка во борбата против организираниот криминал, јави Танјуг.
На отворањето на собирот во Белград ќе се обрати српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
Во СЕПКЕ се шефови на полиции на држави од југоисточна Европа, кои заеднички работат на согледување стратешки проблеми со кои се соочуваат државите членки во борбата против криминалот.
Асоцијацијата ја сочинуваат Албанија, Бугарија, Федерацијата БиХ, Република Српска, Молдавија, Романија, Хрватска, Црна Гора и Србија.