Шефовите на дипломатиите на В4+Б4+ согласни за проширување на ЕУ

Од:

Министрите за надворешни работи на земјите од форматот В4+Б4+ – Вишеградската четворка и четирите балкански држави членки на ЕУ, денеска на средба во местото Сунион, блиску до Атина. изразија поддршка на проширувањето на Унијата.

Оваа втора средба на министрите од Вишеградската четворка (Унгарија, Полска, Чешка, Словачка) и групата Б4 (Грција, Бугарија, Романија и Хрватска), се одржа шест дена пред Самтоти ЕУ-Западен Балкан, предвиден за 17 мај во Софија.

– Ние што сме тука, сме пријатели на проширувањето, изјави хрватската министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Шефовите на дипломатите на Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора, држави кои се надеваат на присоединување кон ЕУ, на средбата на В4+Б4+ се поканети како набљудувачи, заедно со нивните колеги од Словенија и Кипар.

Учесниците на средбата, кои се со ист став по прашањето за проширувањето, сепак не се согласуваат кога тоа треба да се случи.

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, смета дека е реално проширувањето да биде во 2025 година. Таа година ја спомна и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер лани во ноември, како можност за ефективно присоединување на најнапреднатите земји – Србија и Црна Гора.

Но, шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто смета дека проширувањето треба да се случи „што поскоро“.

– Во спротивен случај, на крај ќе имаме многу сериозни проблеми со безбедноста, затоа што сите големи играчи, освен ЕУ, имаат стратегија за овој регион, потенцира Сијарто.

Полскиот министер Јацек Чапутович, исто така, ја нагласи „стратегиската важност“ на проширувањето.

Во април Еропската комисија предложи да се почнат преговори за членство со Албанија и Македонија, и покрај резервите на државите како Франција и Австрија.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, кој е домаќин на средбата, ги осуди „оние, кои сакаат Европа со неколку брзини“, пти според него, им одговара за поголемите земји.

– Не може да има мали држави, потчинети на поголемите, додаде Моѕијас.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ