Шефот на станицата можеби направил фатална грешка, трагедијата во Грција можела да се избегне

Од:

Расте бројот на загинати во железничка несреќа во Грција, а според првичните индиции трагичната несреќа во која загинаа најмалку 36 лица, а над 80 се повредени се препишува на човечка грешка.

Иако е прерано да се расветлат сите аспекти на кобната трагедија, првичните индикации велат дека двата воза директно се судриле, најверојатно со голема брзина.

Се проценува дека шефот на станицата во Лариса не ги свртел клучевите преку кои механички се регулира минувањето на возовите на клучките, па на иста линија се испраќаат два воза, јавува ЕРТ.

Претседателот на машиновозачот на ОСЕ, Костас Генидунијас, рече дека доколку функционираше светлосната сигнализација, трагедијата можеше да се избегне.

Можната причина за несреќата не е веднаш јасна. Полицијата сослушала двајца службеници на железницата, но тие не се приведени.

Првиот човек на железничкиот синдикат за локалните медиуми изјави дека не е сигурен како можела да се случи несреќата.

Јанис Дицас, претседател на синдикатот на железничарите, за ЕРТ изјави дека и покрај 40-годишното искуство, не може да каже кој е виновен за несреќата. Тој додаде дека единствена утеха е тоа што несреќата не се случила во блискиот тунел.

Возовите се судрија непосредно пред долината Темпи, клисура која ги дели регионите на Тесалија и Македонија, на околу 378 километри северно од Атина.

Костас Агорастос, регионален гувернер на регионот Тесалија, за грчката телевизија Скај изјави дека двата воза се судриле со голема брзина.

– Вагоните еден и два веќе не постојат, а третиот скокна од шините – рече тој.

Спасувачите со фарови работеа во густ чад, извлекувајќи парчиња искривен метал од вагоните во потрага по заробени луѓе. Други ја пребаруваа областа со батериски ламби и проверуваа под урнатините. Се верува дека неколку мртви се пронајдени во вагонот за јадење во близина на предниот дел на патничкиот воз.

Претставници на болницата во блискиот град Лариса изјавија дека најмалку 25 се тешко повредени.

– Процесот на евакуација е во тек и се одвива во многу тешки услови поради сериозноста на судирот на двата воза – изјави Василис Вартакојанис, портпарол на грчката противпожарна служба.

Hellenic Train, главната грчка железничка компанија, беше купена од Ferrovie dello Stato Italiane во 2017 година и сега е целосно контролирана од Trenitalia. Компанијата се занимава со превоз на патници и товар. Главната линија на која се нудат дневни врски е Атина-Солун.

Би можело да ве интересира

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Сообраќајниот инспектор на Грчките железници е уапсен за несреќа кај Лариса

Горан Наумовски

Истрагата за судирот на возот во Грција покажа дека шефот на станицата не бил обучен за својата работа

Шефот на станицата во Лариса и 35 минути по несреќата не знаел за судирот на возот

ВИДЕО: Десетици илјади Грци на улиците поради железничката несреќа, фрлаа молотови коктели

Ана Ололовска

Шефот на станицата во Лариса останува во притвор

Горан Наумовски