Шефот на чешката дипломатија Липавски вети поддршка за визна либерализација за Косово

Од:

Министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски, кој престојува денеска во Косово, потврди дека неговата земја, која во овој мандат претседава со Европската унија, работи на тоа да се укинат Шенген-визите за косовските граѓани и го поддржува Косово во тој правец, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната прес конференција по средбата со косовскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Бесник Бислими, Липавски рече дека Чешка ќе го поддржи Косово во однос на владеењето на правото, но и во нејзините напори за зачленување во меѓународни организации, како што се НАТО и ЕУ.

Тој порача дека приоритет на чешкото претседателство е Западен Балкан и дека нејзиниот фокус е на прогресот во процесот на интеграција на регионот.

– Нашата порака е јасна: граѓаните на Косово можат да сметаат на чешката поддршка… Мојата прва посета на Косово се случува во момент кога Чешка е претседавач на ЕУ. Сакам да нагласам дека Западен Балкан, вклучително и Косово, е меѓу регионалните приоритети. А нашите напори се фокусирани на потигнувањето прогрес во процесот на интеграција на регионот, вклучително и визната либерализација (за Косово). Станува збор за технички средби кои се очекува да резултираат со позитивна одлука за Косово и чешкото претседателство работи на тој план и го поддржуваме тоа, изјави Липавски.

Тој додаде дека за интегрирање во ЕУ потребен е договор меѓу Косово и Србија и повика да се имплементираат сите договори кои се постигнати преку дијалогот меѓу двете држави.

– Сакам да нагласам дека нормализацијата на односите е суштински аспект за процесот на евроинтеграциите. Без успех на тоа поле е невозможно да имаме успех во приближувањето кон ЕУ. Двете страни треба да ги почитуваат и имплементираат спогодбите постигнати преку дијалогот, рече Липавски.

Косовскиот вицепремиер, Бислими изјави дека е создаден политички амбиент во кој може да се очекува позитивна одлука за Косово во врска со процесот за визна либерализација.

– Сме ги посетиле сите земји кои се скептични. Ги адресиравме сите прашања. Имаме еден амбиент, една околност, каде што можеме да добиеме позитивна одлука, изјави Бислими.

Посетата на Липавски на Приштина се случува во реме кога неговата држава, која во овој мандат претседава со ЕУ, ги интензивира напорите за либерализација на визите за Косово, за што на 13 октомври во Брисел свика седница на Работната група на Европската комисија. Пред состанокот со Бислими, шефот на чешката дипломатија беше примен од претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина