Бугарските обвинители ја обвинија Марија Дивизиева, шеф на кабинетот на бугарскиот премиер Пламен Орешарски, за проневера на фондовите на ЕУ.
Дивизиева е обвинета две недели откако во истиот случај е покренато обвинение против двајца судии. Обвинителите денеска соопштија дека Дивизиева им помогнала на судиите да дадат неточни изјави во врска со проектот кој е финансиран од фондовите на ЕУ, вредни стотици илјади евра.
Во текот на 2009 година, кога Дивизиева била задолжена за една програма за помош на ЕУ, таа наводно ја овозможила проневерата. Дивизиева ги негираше обвиненијата, нарекувајќи го обвинението „огромно недоразбирање“.