Шаља: Дијалогот меѓу Србија и Косово ќе заврши со потпишување мировен договор

Од:

Дијалогот меѓу премиерите на Србија и Косово ќе заврши во април со потпишување сеопфатен договор, изјави денеска во Приштина координаторот на косовската делегација на преговорите, заменик претседателот на партијата „Алијанса за иднината на Косово“, Блерим Шаља, пренесе БТА.

Овој документ може да биде под форма на мировен договор според моделот на оној меѓу Западна и Источна Германија, рече Шаља за телевизијата „Кохавизија“.

Според него, инсистирањето на ваквата спогодба доаѓа од посредникот во преговорите, високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и за безбедност Кетрин Ештон.

До април ќе се оддржат уште неколку кругови од преговорите меѓу Ивица Дачиќ и Хашим Тачи. На следниот круг ќе се разгледа „распуштањето на српските структури за безбедност во северниот дел на Косово“, посочуваат руските медиуми.

Според Шаља, техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина треба да заврши до февруари. Шаља изрази увереност дека Србија ќе биде принудена да ја признае независноста на Косово „макар и на еден ден пред влегувањето во ЕУ“.

Српската страна се уште не ја коментираше изјавата.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор