Шаленберг: ЕУ пред 20 години му вети членство на Западен Балкан, не смее Украина да влезе преку ред

Од:

Европската унија не може да си дозволи да му даде приоритет на членството на Украина, игнорирајќи ги другите долгогодишни кандидатури како оние од Западен Балкан.

На тоа предупреди австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг.

„Не можеме да ја имаме Украина на брзата лента, а другите земји во лентата за чекање. Тоа би било геостратешка катастрофа“, рече шефот на австриската дипломатија.

Осврнувајќи се на дистопискиот роман на Џорџ Орвел „Животинска фарма“, Шаленберг истакна дека ЕУ треба да избегнува систем каде што некои земји се „поеднакви од другите“.

Австрискиот министер истакна дека ЕУ пред околу 20 години им вети членство на земјите од Западен Балкан, но тоа ветување не го исполни.

Тој го повика Брисел да се држи до своите ветувања и да се откаже од „бинарното размислување“ за членството, сугерирајќи дека на земјите кандидати треба да им се дозволи одредено учество во размислувањата и активностите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан