Шабац го бранат 6.000 доброволци

Од:

Во Шабац синоќа отпатуваа голем број волонтери од повеќе градови во Србија, за да им се придружат на професионалните спасувачки екипи во одбрана на градот од поплава, како и српскиот министер за правда Никола Селаковиќ и министерката за сообраќај, инфраструктура и градежништво Зорана Михајловиќ.

Селаковиќ заедно со директорот на Управата за извршување кривични санкции, Милан Стевовиќ и повеќе од 500 припадници на управата и затвореници, беа ангажирани за полнење џакови со песок. Меѓу нив се и 40 штитеници и вработени во воспитно-поправниот дом во Крушевац, кои сакаат да помогнат во спасување на луѓето.

Од затворот во Пожаревац пристигнаа 250 доброволци, од кои 120 се осуденици на слобода, а 130 припадници на службата за обезбедување на Управата за извршување на кривични дела, како и 120 лица од затворот во Ниш. Од сите правци во градот пристигнуваат автобуси со доброволци, но и многубројни граѓани кои со сопствени автомобили доаѓаат да им помогнат на граѓаните. Во Јагодина синоќа пристигна конвој со спасувачи од бугарскиот град Пловдив, опремени со пумпи и чамци за помош на загрозените домаќинства во општината.

-Пристигнавме 28 прожарникари и нуркачи, а носиме и пумпи и чамци за спасување. Во Србија ќе останеме 48 часа и ќе дадеме се од себе да помогнеме колку можеме, рече началникот на Спасувачката единица Дмитриј Бришимов.

Како што соопшти генералот на Штабот за вонредни состојби, Љубиша Диковиќ во одбраната на Шабац, синоќа биле ангажирани повеќе од 6.000 граѓани.

Во Шабац изутринава стигнаа и 150 затвореници и 50 стражари од Казнено поправниот дом во Ниш кои доброволно се пријавија за помош и одбрана на градот од поплавите.
Затворениците и стражарите ги ги заменија припадниците на армијата кои цела ноќ полнеа и поставуваа вреќи со песок по текот на реката Сава.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ