Северот на Косово останува блокиран, училиштата не работат

Од:

Србите кои протестираат поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ се уште се на барикадите. Северот на Коосово исто така е блокиран од косовската полиција, а преминувањето на премините Брњак и Јариње не е можно ниту пешки. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги повика Србите на северот на Косово да бидат мирни и да не наседнуваат на провокации. Училиштата на северот на Космет денеска нема да работат.

Ноќта на северот на Косово поминала мирно јавуват српските медиуми.

Северот на Косово се уште е блокиран од граѓаните и полицијата. Србите протестираат поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.

Косовската полиција забрани минување и на возила и на пешаци на административните премини Јариње и Брњак.

Нешто по 21 часот се слушнале рафали и детонација во Рудар кај Звечани, јавува РТС. Нема инфрмации кој пукал.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за безбедност синоќа ги повика Србите на северот на Косово и Метохија да бидат мирни не наседнуваат на провокации, како и да ги почитуваат КФОР и ЕУЛЕКС.

Косовскиот премиер Албин Курти претходно го повика КФОР да ја гарантира слободата на движење, наведувајќи дека „барикадите се организирани од криминални групи кои пукаат во косовската полиција и полицијата на ЕУЛЕКС.

Би можело да ве интересира

Средба Вучиќ-Курти по девет месеци пауза

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски

Курти: Србија работи на воени планови за анексија на Косово